Скоро 400 ученици од Куманово се иселиле од државата за две години

Сподели со своите пријатели

Скоро 400 основци и средношколци лани и во оваа учебна година се отпишале од кумановските училишта и се иселиле од Македонија.

Loading...

Од почетокот на тековната учебна година (2022/2023) од кумановските основни и средни училишта се отпишале вкупно 235 ученици.

„Црната статистика“ е покарактеристична за основните училишта. Така годинава, според податоците на Секторот за образование, биле запишани 10.097 ученици. Заклучно денешниот ден од нив недостасуваат 201, оти се отпишале.

Во најголем дел од случаите, како причина родителите навеле преселување во друга држава.

– Од отпишаните ученици, 37 ученици се отпишани поради преселба во друга општина во Република Северна Македонија, а 164 ученици се отпишани поради преселба во друга држава, се вели во анализата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа

Помалку отпишувања има во средните училишта, каде од почетокот на годинава се отпишале 34 деца од запишаните 4.126.

– Од отпишаните ученици, 16 ученици се отпишани поради преселба во друга општина во Република Северна Македонија, а 18 ученици се отпишани поради преселба во друга држава, велат од Секторот за образование.

Но, црна статистика имало и во минатата учебна 2021/2022 година.

Loading...

Во основните училишта лани од вкупно 10.209 ученици се отпишале вкупно 22 деца, исто така најголем дел поради преселување во странство.

– Од отпишаните ученици, 65 ученици се отпишани поради преселба во друга општина во Република Северна Македонија, а 155 ученици се отпишани поради преселба во друга држава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце

Во средните училишта минатата учебна година се запишале 4.423 ученици, но до крајот на учебната година биле отпишани 60.

– Во четирите општински средни училишта се отпишани вкупно 60 ученици од вкупно 4.423 запишани ученици. Од отпишаните ученици, 6 ученици се отпишани поради преселба во друга општина во Република Северна Македонија, а 54 ученици се отпишани поради преселба во друга држава, се вели во анализата.

Севкупно минатата и оваа учебна година, Куманово изгубило 515 ученици. Од нив дури 397 се преселиле во друга држава.

Се помал број ученици се запишуваат во текот на изминатите години во кумановските училишта, на што посочи раководителот на Секторот за образование Александар Јовановиќ на последната седница на Советот на Општина Куманово, а очигледно е дека е голем бројот и на ученици кои се отпишуваат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце

Никола Ивановски