Скоро 30 нови контејнери во Транзитниот центар Табановце

Сподели со своите пријатели

Околу триесетина нови контејнери за бегалците ќе пристигнат во Транзитниот центар за бегалци на Табановце, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Веќе во вторник ќе пристигнат пет од нив и ќе бидат сместени до бараката на „Ла страда“, а ќе бидат наменети за ранливите катергории бегалци. Дополнителни 22 треба да пристигнат во наредниот период поради информации дека ќе има враќање на бегалци кон Македонија од страна на Република Србија.

Исто така превозот на бегалци преку Македонски желензици ќе се одвива само ноќе, додека во текот на денот транспортот на бегалците ќе биде со такси возила, стои во наведените заклучоци од состанокот одржан во рамките на Центарот за управување со кризи.