Жена од Шпанија решила да и каже на околината дека е слепа, од неверојатна причина.
Пред 28 години, Кармен Хименез од Шпанија, им соопштила на своите најблиски пријатели и семејство дека останала слепа по повредата на окото.
Иако била потполно здрава, таа решила да лаже вака затоа што презирала поздравување со луѓе на улица и разговор со нив.
Нејзиниот сопруг исто така сметал дека е слепа, односно се оженил со неа, сметајќи дека не може да гледа.
За медиумите во Шпанија, тој рекол дека понекогаш му се чинело дека Кармен гледа телевизија, но сметал дека тоа е само нејзина желба.
Меѓутоа, кога дознал дека со години живее во лага, се шокирал.
Освен нејзините најблиски, Кармен се соочи и со законот, бидејќи како „слепа“ личност имала финансиска помош од државата.