Скоро 100 малолетни лица затекнала полицијата по полноќ како се собираат на јавен простор, а по дојава дека го нарушуваат јавниот ред и мир.
Loading...
– Во текот на изминатиот викенд полициски службеници од СВР Куманово презедоа мерки со цел пронаоѓање на малолетни лица кои по 24.00 часот се собираат и го нарушуваат јавниот ред и мир, конзумираат алкохолни пијалоци и наркотични средства, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Притоа, како што се додава, на две локации во Куманово биле затекнати 92 малолетници.
– Лицата биле предадени на нивните родители и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, стои во соопштението.
Никола Ивановски