И покрај тоа што Роуз Мери Бентли од Орегон имала едно од најретките анатомски пореметувања, живеела со него цели 99 години. Внатрешните органи во нејзиното тело биле поставени на спротивните страни од вообичаеното.
Она што е уште почудно е што воопшто не била свесна за тоа, туку тоа го открил тим научници на Универзитетот за здравје и наука во Орегон, кога старицата починала, а своето тело го донирала за проучување.
Случајот го проучувал асистент по анатомија Мек Вокер и го претставил на годишниот научен собир.
Иако идентитетот на луѓето кои ги донираат органите или телата обично се крие, нејзиното семејство тоа го одобрило.
– Знаев дека нешто е поинаку, но ни требаше прилично многу време за да сфатиме како природата ја составила, рекол асистентот.
Кога завршиле со испитувањето, тимот дијагностифицирал дека состојбата на Роуз е ситус инверсус, што значело дека имала пореметена положба на телесните органи, како инверзија во огледало.
Интересно е што Роуз и покрај се, и натаму имала срце на левата страна.