Скопјанка приведена поради кражба во Куманово

Сподели со своите пријатели

Четириесет и деветгодишна скопјанка била приведена вчеравечер откако била затекната при кражба во продажен објект во Куманово.

Loading...

– На 03.02.2023 во 19.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја лижиле од слобода Б.А.(49) од Скопје. Таа била затекната при извршување кражба во продажен објект на бул.„Октомвриска револуција“, при што одзела повеќе предмети, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а таа била задржана во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа