Скопјанка приведена на Табановце, полицијата ја барала за издржување затворска казна

Сподели со своите пријатели

Триесет и двегодишна скопјанка вчера била приведена на Граничниот премин Табановце, откако било констатирано дека е предмет на потрага за издржување казна затвор.

Loading...

– На 08.09.2021 во 14.20 часот на граничен премин „Табановце“, полициски службенци ја лишиле од слобода Д.М.(32) од Скопје затоа што при проверка во службената евиденција било констатирано дека евидира како предмет на потрага за издржување на казна затвор од една година и два месеци за сторено кривично дело по член 236 став 1, во врска со член 22 од Кривичен законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Таа била предадена на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски