Скопјани изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Сподели со своите пријатели

Две лица од Скопје заработија кривична пријава под сомнение дека изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години.

Loading...

– Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска (05.08.2025) до Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ш.М. (34) и Ф.М. (37), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ по чл.258 ст.3 од Кривичен законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, во временски период од осум години, Ш.М. и Ф.М. од оштетено лице од Куманово, изнудувале пари, при што континуирано му упатувале сериозни закани врз неговиот и животот на неговата фамилија, со што прибавиле противправна имотна корист во вредност од 300.000 евра.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Моша Пијаде“ ќе се реконструира уште во две фази, Димитриевски им се извини на граѓаните (ВИДЕО)

Во наведениот временски период, според МВР, оштетениот од Ш.М. земал 30.000 евра договарајќи се секој 1-ви во месецот да му исплаќа камата од 16%, при што до сега во повеќе наврати преку брз трансфер на пари, но и лично на Ш.М. му исплатил вкупно околу 300.000 евра.

– На 04.08.2025, врз основа на претходен договор меѓу Ш.М. и оштетениот, тие се сретнале во кафе бар во склоп на бензинска пумпа во Куманово, каде оштетениот му дал на Ш.М. 2000 евра, по што Ш.М. е лишен од слобода, а при извршен преглед на лицето, кај него се пронајдени парите, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој се обидел да внесе транспарент на натпреварот во Куманово

Врз основа на издадена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во куќа каде престојуваат Ш.М. и Ф.М., при што, како што информира МВР, е пронајдена документација поврзана со кривичното дело.

Никола Ивановски