Скопјанец извршил четири кражби низ Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесетгодишен скопјанец е приведен вчера под сомнение дека извршил четири кражби на подрачјето на Куманово.

Loading...

– На 08.12.2022 во 10.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Р.(20) од Скопје, со место на живеење во Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој се сомничи дека извршил четири кражби, од кои три во куќи и една во деловен објект и одзел повеќе предмети.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а А.Р. бил приведен во полициска станица.

– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението на полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

Никола Ивановски