Скопјанец баран за затворска казна приведен на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Триесет и двегодишен жител на Скопје баран за издржување затворска казна вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце.

Loading...

– На 25.09.2020 во 06.30 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Џ.Ф.(32) од Скопје, затоа што при контрола било констатирано дека се наоѓа на стоп-листата за издржување казна затвор, за сторено кривично дело по член 202 став 1 од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply