Скопјанец баран за издржување затворска казна приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

Триесет и седумгодишниот А.С. од Скопје вчера околу 12:40 бил приведен на Граничниот премин Табановце затоа што се наоѓал на СТОП – листа и баран за издржување затворска казна, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено лицето било предмет на потрага потрага за сторено кривично дело  „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“.  Приведен бил во 14.10 часот и со Потврда за предавање на лице, е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.