Во текот на вчерашниот ден во 18.00 часот на граничниот премин Табановце, при пасошка контрола констатирано било дека лицето М.Е. (37) од Скопје евидира на СТОП-Листа за издржување казна затвор во траење од еден месец и 20 денови за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Лицето било приведено и во 19.20 часот, со Потврда за предавање на лице, истото било предадено на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово за понатамошна постапка.
[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”big” cover_photo=”show” locale=”en_US”]
Loading...