Скијањето во Австрија поскапува

Сподели со своите пријатели

Годинава на туристите кои одат во Австрија ќе им требаат уште повеќе пари бидејќи цените на билетите за скијање во некои скијачки региони ќе се зголемат за повеќе од 10 проценти поради зголемените трошоци за енергија.

Loading...

Претставниците на жичарниците во повеќе региони во земјата очекуваат просечно зголемување на цената од осум отсто во наредната сезона, покажува истражувањето на австриската новинска агенција АПА.

Но, тој пораст е сепак помал од стапката на инфлација, која во септември беше 10,5 отсто, изјави претставникот на индустријата Франц Хорл од Стопанската комора.

Во најголемата австриска скијачка област, Св. Антон во провинцијата Тирол, дневен билет зимава ќе чини 67 евра наспроти 61 евро лани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три европски земји им делат брошури на граѓаните во случај на војна и неочекувани кризи

Цените на билетите во главните зимски спортски центри во провинцијата Салцбург ќе се зголемат меѓу 6,5 и 11 отсто.

„По две години од пандемијата, трошоците за енергија се нов предизвик за скијачките центри“, рече Хелмут Холцингер, шеф на жичарницата Хинтерстодер и Вурцералм во Горна Австрија.

Најавени се планови за заштеда на струја, на пример со забавување на жичарниците.

Но, преземањето акција е чин за балансирање, рече претставникот на индустријата Хорл.

Loading...

Исклучувањето на греењето на седиштата во жичарниците или ограничувањето на ноќното скијање е тешко да се спроведе, смета Хорл, бидејќи тоа значително би влијаело на квалитетот на искуството во зимските спортови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Третина од парите за невработените во Германија одат за странци

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.