СКАНДАЛ: Протекоа податоци за половина милијарда корисници на Фејсбук

Сподели со своите пријатели

Личните податоци на повеќе од половина милијарда корисници на Фејсбук се појавија на интернет во саботата, што укажува на тешкотиите на оваа компанија да складира чувствителни информации, пренесува Блумберг.

Loading...

Информациите што протекоа вклучуваат телефонски број, идентификација на Фејсбук, целосно име, локација, претходни локации, датум на раѓање, адреса за е-пошта, приватен статус и биографија, според американската агенција.

 

 

Чувствителни лични податоци на над половина милијарда корисници на Фејсбук излегоа на хакерски форум, што претставува потенцијален ризик за милиони трговци со криптовалути и луѓе кои сега можат да бидат ранливи на разни напади преку Иинтернет, тврди Алон Гал, технички директор на фирмата за безбедност Хадсон Рок ги објави овие информации на Твитер.

Гал тврди дека истекувањето на податоците е поврзано со безбедносна грешка која за прв пат била откриена во 2019 година, а во јануари 2021 година било утврдено дека хакерите исто така можеле да ги користат информациите за пристап до телефонските броеви на корисникот.

Најновиот протек на податоци сега се прошири на Фејсбук ИД, полно име, локација, претходна локација, датум на раѓање, (понекогаш) адреса за е-пошта, датум на отворање сметка, приватен статус и биографија.

Loading...

 

 

Според Алон Гал, информациите сега можат да бидат корисни за хакерите за разни видови измами, како и за да им служат на маркетинг цели.

Leave a Reply