СЈО поднесе 17 обвиненија за 94 лица

Сподели со своите пријатели

Специјалното јавнот обвинителство поднесува вкупно 17 обвиненија против 94 физички и седум правни лица, соопшти специјалниот јавен обвинител Катица Јанева на денешната прес конференција.

За случајот „Талир“ кој се однесува на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ нема да има обвинение, но според Јанева, истрагата ќе продолжи.

„За ‘Талир’ нема процедурални пречки да се покрене обвинението, но многу е мал перидот во кој што го истражувавме предметот. Логично е ако некој водел незаконска кампања осум години, не може некој за еден месец да ги истражи сите дејствија што треба да им се стават на товар на обвинетите“, одговори Јанева на новинарско прашање зошто не е поднесено обвинение за „Талир“.

Како што истакна Јанева, СЈО има капацитет да продолжи преку независни истраги за предмети за кои се надлежни, за да создадат гаранциите дека сторителите на кривичните дела не останат неказнети.

Обвиненијата во кутии денеска ќе бидат испратени до Кривичниот суд.

 Сите досегашни случаи на СЈО започнуваа на буквата „Т“, меѓу нив: „Титаник“ , „Таргет“, „Тврдина“, ,„Тенк“, „ТНТ“, „Траекторија“, „Трезор“, „Тортура“, „Тендери“, „Тарифа“, „Труст“, „Табла“, „Триста“, „Тотал“, „Тифани“, „Топлик“, „Тревник“.

Инаку утре е последниот ден до кога Специјалното јавно обвинение има рок да поднесе обвиненија пред судот, според законот за СЈО.

 

Loading...