СЈО побара притвор за високи државни функционери

Сподели со своите пријатели

По итна постапка треба да се процесуираат обвиненијата кои денеска ги презентираше Специјалното јавно обвинителство, вели денеска Катица Јанева, која истакна дека по одредени има и предвидено мерка притвор за лидер на политичка партија.

Мерка притвор ќе биде побарана и за други поранешни, но и актуелни високи политичари. Како што појаснуваат станува збор за барања мерка притвор за 18 обвинети, додека за 47 ќе се бара мерка претпазливост.

Случаите „Талир“ и „Табла“ не добија обвиненија, но истрагите ќе продолжат и понатаму.  „Таргет“ и „Тврдина“ пак се споени во еден случај. Неподигањето обвинение за „Талир“, Јанева го оправда со недостаток на време да се истражи сомнение за криминал од осум години за еден месец.

Од вкупниот број прислушувани разговори до сега биле преслушани 45% од материјалите, но не биле анализирани сите.

Притвор се бара за поранешниот пермиер и сегашен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, но и за најмоќните во политичката партија ВМРО-ДПМНЕ ,Сашо Мијалков и Никола Груевски.  Но и други лица од политичкиот врв: Елизабета Канческа Милевска, поранешна министерка за култура и за Владимир Пешевски, поранешен вицепремиер за  економски прашањата, поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божновски, како и за градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, пишува порталот Нова ТВ.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.