Ситуацијата на јужната граница смирена, но мигрантите одбиваат да се вратат назад (видео)

Сподели со своите пријатели

Грција конечно се согласи Фронтекс да помага во регистрацијата на мигрантите и бегалците на македонско – грчката граница, по барањето упатено на самитот во Брисел. Од идната недела, првите 400 припадници на Фронтекс ќе пристигнат на јужната граница, и ќе помагаат во земањето отпечатоци од лицата кои доаѓаат на грчка територија.

Loading...

Одлуката за распоредување на единиците на Фронтекс се должи и на мигрантската криза изразена со протести на македонската – грчка граница кога незадоволни економски мигранти започнаа со протести кои ескалираа во последните два дена во судири со припадниците на ЕБР, барајќи влез во Македонија а понатаму и во државите на Европска Унија.

Инаку, денес кај Идомени, од струен удар на лице место загина мигрант од Мароко кој качен на вагоните ги допрел високонапонските жици, несреќен случај кој го забележаа камерите на ”Russia today”.

Инаку, како што јавуваат невладините активисти, првата група на селектирани бегалци е веќе влезена во прифатниот центар во Гевгелија. Ситуацијата на границата е мирна, велат тие, но меѓународните организации и волонтери присутни кај Идомени остануваат таму откако мигрантите одбиваат да се вратат назад кон Атина.

Вечерва се очекува влез на нови 2500 бегалци. Има доволно храна и облека за сите, напишаа активистите во групата ”Да помогнеме на бегалците во Македонија” на социјалната мрежа Фејсбук.

 

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.