Сите номинирани за Оскар ќе добијат подароци, дел од нив навистина необични

Сподели со своите пријатели

Додека со нетрпение се очекуваше доделувањето на 91 Оскар, економските експерти ги проценија трошоците и заработката на најемитуваните доделувања на наградите во светот.

Loading...

Секој од номинираните ќе мора да издвои висока сума само за да се појави на црвениот килим.

За т.н. „red carpet look“ потребни се фризура и маникир кои ќе чинат 150, односно 300 долари. Ѕвездите услугите на реномирани стилисти ќе ги платат од 1.700 до 3.000 долари, додека за услуги на еднодневно изнајмување на лимузина ќе издвојат околу 400 долари.

Очекувано, најскапи ставки ќе бидат оние според кои модните експерти ќе имаат најмалку милост – фустан, обувки и накит.

На нивните трошоци само небото им е граница, а неретко не можат да си ги дозволат ниту најплатените актери.

Во тој случај модните куќи „позајмуваат“ накит и фустани, со надеж дека така ќе си направат одличен маркетинг.

Иако службениот слоган на доделувањето на Оскар е „дека сите се победници со самата номинација“, статуата направена од 24-каратно злато, вредна 900 долари, дома ќе ја понесат само оние со најголема среќа.

Фирмата „Дистинктив Ашетс“ која последните години е задолжена за составување пакети подароци ќе има тешка задача да ја врати насмевката на лицето ан оние кои победата за влакно им избегала од рацете.

Loading...

Просечната вреднсот на пакетот со неофицијално име „Сите се победници“ за сите номинирани кандидати е 100.000 долари, а оваа година поголемиот дел од артиклите се однесува на скапоцени производи за убавина.

Исто така во овогодишните торбички ќе се пронајдат бројни креми за лице, но и козметика како ограничената линија „Blush Whimsy“ кармин за усни, како и крема за хидратација на лицето „High Beaty“ на база на канабис.

Исто така, номинираните кандидати ќе добијат подарок бон во вредност од 30.000 долари за услуги за корективна естетика од Др. Константин Васјукевич, ботокс, филери и хемиски третман на кожата.

Во пакетите оваа година ќе се пронајде и бон од 9.650 долари за сеудм ноќевања во луксузниот калифорниски велнес центар „Golden Door Retreat“ како и луксузно патување во Грција.

На ѕвездите ќе им се подари и можност за психолошки терапии со реномираниот експерт за фобии Калиопе Барлис, како и десет тренинзи со најдобрите фитнес експерти во Калифорнија.

Освено овие подароци во пакетите ќе се најдат и некои необични подароци, како светлечка четка за тоалет.

Освен пакетите подароци и самите „златни статуетки“, победниците нема да добијат парични награди.

Ќе бидат принудени да потпишат договор со кој ќе се откажат од сиот профит кој наградениот филм ќе го генерира благодарение на Оскарот. Имено, сиот приход ќе оди кон американската Академија која таа награда ја доделува.

Loading...

Меѓутоа, да не биде толку црно, во прилог е фактот дека наградените актери со Оскар секогаш добиваат на цена, што скоро неминовно го чувствуваат на висината на идните хонорари.

Leave a Reply