Волтер Елијас Дизни (англиски: Walter Elias Disney) ( 5 декември 1901 – 15 декември 1966) беше американски филмски продуцент, режисер, сценарист, гласовен актер, аниматор, претприемач, филантропист, како и повеќекратен добитник на Наградата на академијата. Дизни е познат по неговото влијание врз полето на забавната индустрија за време на дваесетиот век. Како ко-основач (со својот брат Рој О. Дизни) на Walt Disney Productions, Дизни стана еден од најпознатите филмски продуценти во светот. Корпорацијата кој тој ја ко-основа, сега позната како The Walt Disney Company, денес има годишен приход од околу 35 билиони амеркикански долари.