Сите го знаете како Верка Сердучка, но еве како тој навистина изгледа (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Комичарот и пејач Андриј Данилко го создаде ликот на Верка Сердучка во 1990 година, и го претстави јавно следната година на еден комичен натпревар, а во 2007 година го освои второто место на Евровизија во Србија.

Loading...

Верка Сердучка беше вистинско изненадување за гледачите на Евровизија кога се појави на сцената во Србија во 2007 година со песната „Dancing Lascha Tumbai“.

 

Украинската претставничка беше облечена во костум со кој наликуваше на Лимениот човек од „Волшебникот од Оз“ и делуваше како  на сцената да има диско забава.

Интересно е што познатата марка Долче и Габана беше одговорна за овој изглед, а воедно добија и добра рекала.

Контроверзноста падна во втор план затоа што Украина ја претставуваше уметник различен од претходните, имено комичарот и кралот на драмите Андриј Данилко (47) Верка го освои второто место, но и наградата Барбара Декс за најлош костум.

 

Loading...

Колку силен впечаток остави, докажа фактот што беше поканета во Израел во 2019 година, каде настапи во забавниот, ревијален дел од програмата.

Андриј, кој го замислил овој карактеристичен лик на Сердучка, е украински комичар и пејач и се појави во 10-тина филмови. Интересно, тој се појави како Верка во 2015 година во популарната комедија „Шпион“, во која глумат Мелиса Мекарти, Џејсон Статам, Роуз Брн и Џуд Ло.

Инаку, Данилко е роден на 2 октомври 1973 година во семејство на работничка класа во украинскиот град Полтава и како седумгодишно дете го загубил својот татко кој починал од рак на белите дробови.

 

Уште како дете, тој започнал да настапува како аматер и дипломирал на Академијата за циркуски уметности во Киев. Во 1990 година, Андриј го создаде ликот на Сердучка, прекрасна средовечна жена од рурално семејство, која работи како асистент на железница во возови за спиење. Тој првпат го претстави јавно на 4 јануари 1991 година на натпревар по комедија во Полтава.

Подоцна смислил некои други ликови како полицаец, војник и балерина и ја основал театарската група „Данилко“ со која ги обиколил градовите во Украина и Русија. Во 2002 година, комичарот и неговата група беа на турнеја во Азербејџан, Ерменија, Грузија, Казахстан, Молдавија, Туркменистан, Таџикистан, Узбекистан и балтичките држави со програмата „Јас сум револуција“. Следната година ја доби наградата за почесен уметник на Украина.

Loading...

 

Данилко имаше и своја емисија „СВ-шоу“ на неколку украински телевизиски програми, а во 2007 година дури ја основаше и политичката партија „For Ours!“. („За наши!“) со која сакаше да влезе во парламентот. Но, тој наскоро се откажа од тоа, особено затоа што анкетите покажаа дека тој има само два процентна поддршка од граѓаните.

Во 2011 година, комичарот повторно се натпреваруваше со ликот на Верка да оди на Евровизија во Германија. Тој автоматски се пласираше во финалето, но ја повлече апликацијата во октомври 2010 година.

Андриј одбива јавно да зборува за неговиот приватен живот, но еднаш рече дека имал тешка врска со жената со која живеел осум години. Во јануари 2018 година, неговиот пријател објави на социјалните мрежи фотографии на кои Данилко се бакнува со пријателка, актерката Ина Билокон.

 

За време на своите интервјуа, комичарот истакна дека Верка е исклучиво негов лик за настапи и дека не се облекува во женска облека кога не е на сцената.

Loading...

Андри издаде пет албуми кои ги продаде во над 600.000 примероци, а во 2013 година привлече внимание кога го купи Ролс-Ројс кој му припаѓаше на покојниот музичар Фреди Меркјури. Потоа рече дека планира да го донира во музеј посветен на групата Квин.

Во последниве години, Данилко беше присутен во јавноста како дел од жирито во украинската верзија на ТВ-шоуто „Х фактор“.

 

Leave a Reply