Систематските прегледи покажаа алармантни податоци кај основците

Сподели со своите пријатели

Секое трето дете во Македонија е со искривен рбет, рамно стапало или кратковидост, објавува порталот Здравство 24, повикувајќи се на податоците од Извештајот за спроведени систематски прегледи во 2015 година кај основците во Македонија.

Како што јавува порталот, од 72 000 основци, дури 14 илјади имаат деформитети на грбот а околу 6000 се со пречки во видот.

Застрашувачки се и податоците и кај средношколците. Кај 10 000 од нив биле дијагностицирани рбетни искривувања а кај 3000 се откриени проблеми на очите.

Во оваа група се и 1200 студенти со проблеми на рбетниот столб. Лекарите од школските диспанзери се загрижени за ваквата состојба, но велат причините ги знаат сите, пренесува порталот.

-Модерното време на живеење го прави своето. Нередовно вежбање, немање на физичка активност и премногу седење пред комјутер го праваат своето. Тоа се главните причини за ваквата состојба. Сега сме во време кога комјутерите се единствените другари на децата и тоа не е добро, вели д-р Соња Ралева од школскиот диспанзер на Бит пазар.

Најголем број од овие деформитети се кај деца од градските подрачја. Останатите, според лекарите се уште водат здрав живот подалеку од модерната технологија.

Искривениот рбет не е единствената модерна болест кај децата. Статистиката покажува дека постојано расте и бројот на деца со зголемена тежина. И кај дебелината главниот виновник е начинот на живот и нередовната и нездрава исхрана.

Извор: Здравство24.мк


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.