Научниците се категорични – да си сиромашен е штетно за здравјето. Недостатокот на пари влијае не само врз банкарската сметка, но и врз општата здравствена состојба, пишува весникот “Дејли експрес”, повикувајќи се на американско истражување.
Постојаниот стрес од недостатокот на доволно финансиски средства кај индивидуи со понизок социјален статус го оптоварува имунолошкиот систем и може да поттикне напади на телото, предизвикувајќи воспалителни процеси.
Истражувањето може да објасни зошто побогатите луѓе имаат тенденција да живеат подолго, додека меѓу посиромашните процентот на кардиоваскуларни болести и дијабетес е доста повисок.
Авторите на оваа студија од универзитетот “Дјук” утврдиле дека социјалниот статус влијае врз вклучувањето и исклучувањето на гени во имунолошкиот систем. За целта на истражувањето се направени експерименти со макаци резус. Претставниците на видот се блиски сродници на човекот и учењето им дава насоки за влијанието на социјалниот статус и врз здравјето на луѓето.
Во оваа земја четворица бизнисмени се богати како 100 милиони сиромашни луѓе