Сиријците добиваат држава на Балканот?

Сподели со своите пријатели

Самопрогласениот претседател и основач на замислената држава Либерленд, која се наоѓа на ничија земја, измеѓу Хрватска и Србија ги повика сириските бегалци да му се придружат и така да помогнат да се изгради новата микродржава. Вит Једличка (32) вели дека веќе примил 22.000 барања.

Loading...

Једличка вели дека бегалците се добредојдени доколку платат 10.000 долари.

За нас тоа е многу чувствителна тема, затоа што многу бегалци поминуваат покрај границата на Либерленд. Добивме 22.000 барања од Сирија. Доколку сакаат да помогнат во развојот на Либерленд тие се добредојдени, но мораат да ја делат нашата идеологија на слободна – вели претседателот на Либерленд.

 

Vit-Jedlicka

 

Тој додава дека потенцијалните живтели не смеат да бидат во бакрот и дека мораат да платат 10.000 долари или да одработат работа во ПР или дипломатијата во таа вредност.

Сепак само 618 Сиријци одговараат на критериумите на претседателот.

Главната причина поради кои овие бегалци доаѓаат во Европа не е за да изградат слободно општество, туку поради социјалната помош во Германија – додава тој.

Граѓанин на Либерленд може да стане секој само под услов да не се работи за верски екстремисти, нацисти, комунисти, или некој со криминално минато.

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.