Сирија и се закани на Турција: Ќе го срушиме секој ваш авион

Сподели со своите пријатели

Сирија соопшти дека нејзините воздухопловни сили се подготвени да ја бранат територијат аод нападите на Турција и ја предупредија Анкара дека ќе им го соборат секој авион кој ќе ја премине границата.

– Го предупредуваме турското раководство дека ако стартуваат воените операции во областа на Африн тоа ќе се смета за чин на агресија на турската војска, рекол заменик министерот за надворешни работи Фајсал Мекдад, а пренесуваат државните медиуми, наведува Ројтерс.

Претходно турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека Турција ќе започне воена офанзива во енклавата Африн и други територии под контрола на Курдите.

Турција смета дека курдската група која го контролира Африн е терористичка организација која го претставува огранокот на Работничката партија на Курдистан.