Сириец загуби 25 роднини во земјотресот: Бегавме од војна, судбината нѐ пронајде…

Сподели со своите пријатели

Сириски бегалец загубил 25 роднини во земјотресот што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија.

Loading...

Неговото семејство го напуштило родниот град пред земјотресот за да избега од војната и да најде безбедно засолниште.

Амхад Идрис вчера ја посети мртовечницата и ги виде телата на членовите на неговото семејство.

„Срцето ми се кине. Не мислев дека вакво нешто може да се случи“, рекол тој држејќи го за рака својот починат внук.

Идрис и неговото семејство ја напуштиле својата татковина во 2012 година за да побараат засолниште во Саракиб, кој сириската армија го врати во 2020 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјотрес од 5 степени во Киргистан

„Судбината нѐ најде тука“

„Ги изгубив ќерката, двете внуци, семејството на свекорот… Зборуваме за вкупно околу 25 луѓе. Бегавме од војната, погледнете каква неправда нѐ прогонува и што ни се случи. Тука баравме безбедно засолниште за нас и нашите деца.“

Вкупно над 15.800 луѓе загинаа во земјотресот што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија, според новиот извештај објавен од официјални лица и спасувачи.

Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека бројот на загинати може да достигне 20.000. Повеќе од 53.000 луѓе се повредени само во Турција.

Loading...

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е ВОЗНЕМИРУВАЧКО!

 

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.