Сириец ограбен во селото Ваксинце

Сподели со своите пријатели

Државјанин на Сирија со иницијали А.Т. вчера околу 12 часот бил нападнат во селото Ваксинце од страна на неколку непознати лица, при што бил извршен грабеж над истиот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Сириецот излегол од Прифатниот центар Табановце со намера да оди во продавница во атарот на селото Ваксинце, каде непознатата група насилници заканувајќи се по неговиот живот му барале пари. Откако рекол дека нема, физички го нападнале при што му одзеле 10 евра и 2.400 денари.

Случајот е пријавен во полиција и се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на насилниците.

 

Loading...