Синот на бразилскиот претседател Жаиро Болсонар, Едуардо Болсонаро, наиде на критики, откако објави на Твитер фотографија на шведската активистка Грета Тунберг, во која се тврди дека е финансирана од Фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос.
На фотошорипаните фотографии Тунберг јаде во воз додека сиромашните деца гледаат низ прозорецот, објави од Болсонаро,
„Вие го украдовте моето детство – вели мало девојче финансирано од Отворено општество на Џорџ Сорос“, напиша Болсонаро со фотошопираната фотографија.
На оргиналната фотографија, Тунберг е сликана како јаде во возот, но низ прозорецот се гледа шума. Покрај таа фотографија стои описот: „ручек во Данска“.
Eduardo Bolsonaro has been slammed for creating a fake photo of Greta Thunberg eating lunch on a train while poor children watch from outside. https://t.co/e5230B2YAo
— Buzz.ie (@buzzdotie) September 27, 2019
Наместо шума, Болсонаро ги фотошопирал сиромашните деца, поради што тој беше мета на бројни критики, пренесуваат странските медиуми.
Сенаторот од Бразил рече дека станува збор за неодговорно дело на Болсонаро и рече дека ќе размисли дали ќе ја земе предвид неговата апликација за нов амбасадор за Бразил во САД.
„Лажните вести денес се зло против кое мора да се бориме во секое демократско општество во светот“, рече таа, повикувајќи го Болсонар ода ѝ ж се извини на Тунберг, Бразил и другите земји.