„Сино-белите“ изедначија со „Соколите“ (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Со резултат 66:63 кошаркарите на Куманово изедјачија со 1:1 во полуфиналето од домашната кошаркарска лига на натпреварот кој вчеравечер го играа на домашен терен.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”356″]

 

Поради изгубената предност од 11 поени, крајот на натпреварот беше стрес тест за неколкуилјадната публика во кумановската сала кои ја гледаа борбата за финале, но и жестоко реагираа на сите неправедни судски одлуки.

Натперварот започна со поведување од гостите со 7:2, но изабраниците на Србиновски првата четвртина ја завршија со еден поен предност, односно 16:15. Првата двоцифрена вредност пристигна веќе во втората четвртина кога Куманово водеше со 35:25, а предноста од 11 поени со кои влегоа во третата четвртина се утрна како кула од карти.

На само две и пол минути пред крајот благодарение на Мишановиќ дојде до резултат 62:57, а потоа следуваа низа грешки поради кои топката постојано завршуваше во рацете на гостите. Со две слободни за сино-белите, но и едно промашување на „соколите“ стрес натпреварот заврши со резултратот 66:63 за домаќинот, со што се дојде до резулатот 1:1 во полуфиналната двојка.

Најмногу поени постигна Костоски – 13, а Трајковски со дабл-дабл и 12 поени и 13 скока се наоѓа веднаш зад него, како и Мандиќ со исто така 12 поени.

Третиот натпревар се игра веќе во вторник кога сино-белите се на гости во „Борис Трајковски“, а за финалето ќе има место за онаа екипа која прва постигне три победи.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.