Сингапур ќе понуди еднократна исплата на двојки кои ќе станат родители за време на пандемијата на коронавирусот, јави Си-Ен-Ен.
Сингапурскиот вицепремиер Хенг Сви Кит изјави дека средствата ќе помогнат да се смират луќето кои се соочуваат со финансиски притисок и се загрижени за својата работа.
– Добивме повратна информација дека Ковид-19 принуди некои родители да ги одложат своите родителски планови. Тоа е сосема разбирливо, особено кога се соочуваат со неизвесност за нивните приходи, рече Хенг Сви Кит, додавајќи дека исплатата на родителите ќе им помогне за трошоците, но не кажа за колкава сума се работи.
И покрај успешната реакција на јавното здравство на пандемијата, Сингапур економски е во длабока рецесија.
БДП во вториот квартал веројатно ќе се намали за 12,6 процнти, а економистите тоа го споредуваат со истиот период минатата година и велат дека станува збор за највисок рекорден пад.
Сингапур има една од најниските стапки на наталитет во светот – според националните статистички истражувања, стапката на плодност сега е само 1,14 новороденчиња по жена.
Резултатите се слични и во Хонг Конг, а само Јужна Кореја и Порторико имаат пониски стапки.
За природна репопулација потребна е бројка од 2,1 новороденче по жена. Сингапур се бори да го смени негативниот тренд уште од 80-тите години на минатиот век, реализирани се голем број јавни кампањи за поттикнување на раѓања и се воведуваат бројни финансиски и даночни олеснувања.
– Како и многу развиени земји, клучните предизвици за населението во Сингапур се ниската плодност и стареењето на населението. Нашата цел е да постигнеме одржливо население кое ќе го поддржува и економскиот раст и социјалната кохезија, се вели во владин извештај.
Јасмина Тасевска