Синдикатот на словенечки лекари бара заштита за епидемиолозите

Сподели со своите пријатели

Синдикатот на словенечки лекари ги повика надлежните државни органи да реагираат на заканите и навредите упатени до нивните колеги, епидемиолози и инфектолози, кои се на првата линија во борбата против коронавирусот.

Loading...

„Шокирани сме од заканите и навредите упатени до нашите колеги и оваа ситуација станува сериозна и загрижувачка“, се вели во соопштението на синдикатот на лекарите и стоматолозите Фидес.

Лекарите додаваат дека досега на тие напади речиси немало реакции од политичарите и цивилниот сектор.

„Такво нешто не смее да се толерира ниту сега ниту во иднина и за сè ќе ја информираме Европската федерација на вработени лекари“, наведуваат во соопштението.

Полицијата неодамна доби неколку пријави за сомневање дека се испратени закани по безбедноста и животот до епидемиолозите и до членовите на владиниот стручен медицински тим за борба против епидемијата со Ковида-19 и започна истрага.

Како што пренесуваат словенечките медиуми, неодамна се појавија летоци во некои градови, односно постери на кои владините епидемиолози и инфектолози се нарекуваат „убијци на словенечкиот народ“, а поединечни закани добија и главниот инфектолог Бојана Беовиќ, директорот на Институтот за јавно здравје Милан Крек и уште некои експерти.

Пандорка Арсовска-Гацова


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *