Синдикатот на полицијата бара од Собранието споменик на бранителите во Куманово

Сподели со своите пријатели

Синдикат на Полиција во Македонија  достави барање до Собранието и до сите пратенички групи да дадат поддршка за изградба на меморијален споменик на територијата на Општина Куманово за сите бранители и паднати борци од осамостојувањето на државата кои до денес го дале својот живот за заштита на уставниот поредот на независна Македонија и нејзините граѓани.

Loading...

Како што информираат во своето соопштение, првично побарале согласност од кумановскиот градоначалник за поставување спомен обележје, одлуката ја ставиле во мирување откако ОНА постави голем споменик на нивните паднати борци во Липково.

– До ваква одлука дојдовме водени од фактот дека на територија на Општина Липково во меѓувреме е изграден монументален споменик со грандиозни големини во чест на паднатите борци на ОНА од воениот конфликт во 2001 којшто кај сите нас генерира негативни чувства, несоодветно ја отсликува реалноста што дополнитенлно буди негативни чувствата и кај сите бранители, семејствата на загинатите бранители, граѓаните и нашите членови кои што ги претставуваме, се наведува во соопштението на Синдикатот.

Инцијативата, велат во соопштението, е поднесена согласно Законот за меморијални споменици и спомен обележја и сметаат дека бранителите заслужуваат соодветен третман од државата.

– Сметаме дека загинатите бранители во независна Македонија заслужуваат соодветен третман од страна на државата и изградба на меморијален споменик токму на територија на Општина Куманово каде што се водеа голем број од борбените дејствија а воедно очекуваме оваа наша иницијатива да биде поддржана од останатите невладини организации, здруженија, синдикати, индивидуални лица, интелектуалци и целата општествена јавност во Македонија со цел еднаш засекогаш овие наши херои да бидат соодветно третирани и да добијат вистински меморијален споменик со кој ќе се одбележат нивните жртвувања за државата, стои во соопштението.

 

Никола Ивановски

Loading...