Симпсонови не го предвиделе хаосот во американскиот Конгрес

Сподели со своите пријатели

Дваесетти јануари е и денот на инаугурацијата на американскиот претседател, Спрингфилд е во пламен, а апокалиптичните сцени го најавуваат вистинскиот крај на светот.

Loading...

Сепак, иако станува збор само за цртан филм, многу фанови на Симпсонови во оваа епизода видоа повеќе отколку што замислиле авторите.

Иако Конгресот не се спомнува никаде, во епизодата „Treehouse of Horror XXXI“ фановите „виделе“ настани слични на тие во Конгресот, што се случија во средата во Вашингтон, откако приврзаниците на Доналд Трамп влегоа во зградата во знак на протест против потврдата на Конгресот за победата на Џо Бајден, пишува Сан.

Споменатата епизода првично била емитувана на 1 ноември 2020 година и всушност ја покажува злобната судбина на Америка, откако Хомер не гласал на претседателските избори, пренесува Блиц.

 

 

Фактот што Симпсонови предвидуваа немири во Америка во јануари 2021 година, го напиша порталот за проверка на фактите „Снупс“ во анализа од 7 јануари 2021 година.

Loading...

Според „Сноупс“, епизодата на која се однесува тврдењето за немирите на денот на инаугурацијата е 4-та епизода од 32-та сезона на серијата наречена „Treehouse of Horror XXXI“, емитувана на 1 ноември 2020 година.

И покрај фактот дека описот на епизодата е точен, заедно со сликата на Хомер како пие пиво со пушка на покривот од куќата, тоа не претставува „предвидување“ на немирите, пренесува raskrinkavanje.ba.

 

 

Како прво, роботите не ги зазедоа САД, лавата не тече од земјата, а огромното мнозинство од населението не е на своите покриви со оружје.

Симпсонови не ја предвидоа иднината.

Наместо тоа, овој клип повеќе личи на крајно „предупредување“ за тоа што може да се случи ако луѓето одлучат да не го користат своето право на глас, се вели во анализата.

Loading...

Во епизодата, Лиза му вели на Хомер „да се сети на сè лошо во претходните четири години“, пред авторите на серијата да набројат 50 работи од владеењето на Доналд Трамп – од контроверзни коментари до сериозни политички грешки.

Меѓутоа, кога тој конечно ќе одлучи кога да гласа, епизодата открива дека Хомер сонувал за сите претходни настани и дека го преспал гласањето.

Дејноста потоа се премотува на денот на инаугурацијата на 20 јануари 2021 година и покажува како Спрингфилд гори, хаос на улиците, „владини роботи“ кои ги тероризираат граѓаните и Хомер како седи на покривот од семејната куќа и пие пиво во импровизиран оклоп со пушка во неговата рака.

Leave a Reply