Симболот на Париз во лоша состојба: Добива „козметичко бојадисување“

Сподели со своите пријатели

Кулата од ковано железо висока 324 метри, изградена од Густав Ајфел на крајот на 19 век, е меѓу најпосетуваните туристички места во светот и секоја година е домаќин на околу шест милиони посетители, пренесува Ројтерс.

Loading...

Сепак, „Маријан“ наведе доверливи извештаи од експерти, кои укажуваат дека таа е во лоша состојба и полна со ‘рѓа.

– Ако Густав Ајфел го посети тоа место, ќе доживее срцев удар – изјавил за „Маријан“ неименуван менаџер.

 

 

Во извештајот се наведува и дека компанијата СЕТЕ, која се грижи за Ајфеловата кула, не била веднаш достапна за коментар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Научниците објавија доказ дека нашата планета веќе се прегрева

Во моментов во тек е сликање, што е дваесетти пат во историјата на кулата.

Loading...

Ројтерс посочува дека 30 отсто од кулата требало да биде „соголена“, а потоа да се нанесат два нови слоја, но доцнењето во работата предизвикано од пандемијата и присуството на олово во старата боја значело дека само пет отсто од зградата ќе се “лекува”.

Се известува и дека СЕТЕ долго време се двоуми да ја затвори кулата поради приходите од туризмот што би ги изгубиле.