Жена која била војник во севернокорејската армија сведочела за ужасите со кои се соочуваат жените во војската на Ким Џонг Ун, од сексуална злоупотреба до тортура.
Жената, која се претставила како Џенифер Ким, вели дека жените во војската мора да користат влажни крпи за да ги завиткаат нозете како влошки и да трпат колективна казна.
Една од тие казни вклучува држење на рацете во ледена вода и потоа принудување да ја зграпчат замрзнатата железна шипка, така што нивната кожа се залепува за металот и ќе се скрши кога ќе ја пуштат шипката од која висат.
Џенифер вели дека околу 70 отсто од жените во војската на Северна Кореја биле жртви на некаков облик на сексуално насилство.
Во своето сведочење пред севернокорејскиот Комитет за човекови права, таа рече дека знаела што ја чека кога политички советник и понудил позиција во неговиот кабинет кога имала 23 години.
„Не можев да одбијам. Да одбиев немаше да можам да станам член на Работничката партија и потоа цел живот ќе ме жигосуваат. Немаше да можам да најдам работа, маж ми. Не можев да одбијам. На крајот сексуално ме нападнаа“, рекла таа.
Џенифер живеела со три до четири лажици пченка дневно и била толку неухранета што ретко добивала менструација, но тоа не ја спречило да забремени.
Кога му кажала на политичкиот советник дека е бремена, тој ѝ рекол да повика брза помош вечерта во 22 часот.
„Ме чекаше воен хирург, абортирав без анестезија“, рекла таа и низ солзи рекла дека болката е неопислива.
„Сè уште ме прогонува, психички, но и физички затоа што не можам да забременам. Се срамам“.
Џенифер во сведочењето кажа и дека користела само четири влошки за неколку години воен рок.
Жените мораа да се снаоѓаат со газа, која ќе ја перат и повторно ќе ја користат, а која често ја добиваат од постарите службеници. Кога снемувало газа, користеле крпи што војниците ги користеле како чорапи.
„Ткаенината беше груба и ја иритираше кожата и толку ме болеше што плачев на секој чекор“, рече таа.
И тие партали ги користеле неколку пати, но бидејќи немало греење во касарната, не можеле да ги исушат, па ги ставала влажни за да избегнат колективна казна.
Џенифер и денес ја чувствува агонијата од лупењето на кожата од дланките. И гладот.
„Го броев секое зрно пченка за да ми остане уште малку“, рече таа.
Поради тоа, многу жени во војската прибегнаа кон кражби. Една од нив била и Џенифер, а таа и пријателката украле неколку парчиња пченка од блиската нива и ги изеле живи.
„Сега имам вкусна храна, но ништо не ми е толку вкусно како онаа сирова пченка што ја јадев тогаш. Тоа беше најслатката и највкусната храна што сум ја јадела“, рекла Џенифер, која сега живее во САД.
Извршниот директор на Комитетот Грег Скарлатиу вели дека злоупотребата на жените допира до самиот врв на Северна Кореја.
„Жените војници на Северна Кореја се малтретирани, казнувани и изгладнувани и нивната трагична борба е показател за криминалната траекторија на режимот воспоставена пред 73 години“, рече тој.
Од 2015 година воениот рок е задолжителен за сите жени во Северна Кореја, а се очекува тие да бидат во војска во периодот од дипломирањето до 23-тиот роденден.