Силувал 88-годишна жена во село Никуљане

Сподели со своите пријатели

Вчера во 8 часот во Полициска станица Куманово, 59-годишен жител на село Челопек, општина Старо Нагоричане, пријавил дека на 28.08.2017 година околу 16 часот, четири непознати лица дошле во куќата на 88-годишна жена од селото Никуљане, општина Старо Нагоричане (мајка на неговата сопруга).

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, еден од нив, во два наврати извршил насилно полово дејствие над жената. По преземени мерки, полициски службеници ги пронашле и лишиле од слобода овие четири лица.

По консултација со Јавен обвинител, против лицето А.З. од Куманово ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.