Силно невреме во Британија, прекин на авиосообраќајот, отежнат патен сообраќај

Сподели со своите пријатели

Бурата Лариса предизвика големи проблеми во Велика Британија, многу возачи останаа заглавени на автопатите, а затворени се и многу аеродроми.

Loading...

Најзагрозени се Јоркшир и Северен Велс, а неколку паднати дрвја ги блокираа патиштата меѓу Манчестер и Шефилд, што влијаеше и на железничкиот сообраќај, пренесува Sky News.

Метеоролошката канцеларија соопшти дека најлошото време се очекува денеска во северозападен Велс и северна Англија, со налети од околу 80 километри на час.

Во Јужен Јоркшир околу 2.000 граѓани останаа без струја, а училиштата ширум Британија останаа затворени поради екстремниот студ.

Кога станува збор за авиосообраќајот, во Гетвик се оди според планот, додека на Хитроу се откажани четири или пет летови.

Сè се одвива според планот на аеродромите во Единбург и Глазгов, додека во Бристол се откажани само два лета на нискобуџетни компании.