Силни светла и чудни звуци: Расте бројот на пријавени НЛО-а

Сподели со своите пријатели

Оваа година има зголемување на извештаите за наводни видувања на неидентификувани летечки објекти во американската држава Wујорк, според Националниот центар за известување за НЛО.

Loading...

Сведоците на наводните необични феномени претежно прецизираат дека виделе предмети од невообичаена форма, силни светла и слушнале чудни звуци.

Очевидец од островот Стејтн го сподели своето искуство.

„И тогаш почувствував како топлината ми минува низ телото, почнувајќи од мојата глава, како некакво зрачење. Сфатив дека е предизвикано од вселенско летало”.

Другите извештаи опишуваат „блескави зелени летечки објекти“ забележани додека луѓето гледале во небото за да ги набљудуваат Персеидите – метеорски дожд поврзан со кометата Свифт-Татл.

Еден сведок тврди дека забележаното НЛО било придружено со звук на воен авион.

„Зелените светла се вртеа во форма на „осмица” додека леталото се движеше брзо од исток кон запад, кон Менхетен. Воениот авион што го следеше беше многу гласен”, рече очевидец.

Националниот центар за известување за НЛО тврди дека регистрирал илјадници изјави на сведоци низ целата земја, кои наводно виделе НЛО.

Loading...

Leave a Reply