Силна контрола и казни за семејни прослави, најави Филипче

Сподели со своите пријатели

Засилени контроли од страна на сите инспекторати за почитување на мерките, како и нови мерки за заштита, најави денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, на која презентираше анализа за бројот на заболени од COVID-19 кој е во пораст.

Loading...

– Според анализите се заклучува дека главната причина на зголемување на новозаразените се должи на непочитување на мерките, пред сè групирање, семејни прослави, свадби кои се забранети, но и генерално опуштање на граѓаните, кои очигледно забoравија на почитување на мерките и последиците од нивното непочитување. Зад нас е летото и стабилниот период, ризикот што го носи есента е сериозен, рече Филипче.

Тој додаде дека нема да се дозволи да не се почитуваат мерките и да се изложуваат на ризик останатите.

– Коронавирусот може да биде фатален за секој од нас. Заради ова почнавме, а уште повеќе од следните денови ќе ги засилиме контролите. Сите инспекторати задолжени за спроведување на мерките интензивно ќе работат, потецира министерот.

Тој оцени дека апсолутно е недозволиво покрај сите најави за сериозноста што го носи овој период да не се почитиваат мерките, недозволиво е и во бизнисот, а особено во угостителсството.

Филипче најави дека во тек се анализи за воведување нови мерки, а целта е како што рече навремено да се воведат мерки што директно ќе влијаат на сузбивање на ширење на вирусот, а целта е да се избегнат рестрикции и закочување на економијата и нешто што би не затовриле во домовите, но, потенцира дека доколку е нужно и тоа ќе се направи.

Министерот наведе дека меѓу мерките што се разгледува носење маски и на отворено, ограничување на бројот на лица по маси во угостителските објекти, ограничување на бројот на лица за групирање воопшто, силна контрола и казни за семејни прослави и прослави на затворено, прецизен протокол за работа на угостителски објекти на затворено, во односна бројот на посетители, дистанца на седење и евентуално намалување на капацитетот на објектите.

Филипче порача да се почитуваат мерките за да не ги преполниме болниците.

Loading...

МИА

Leave a Reply