Силна ерупција на Камчатка: Вулкан исфрлa пепел висок 11,5 километри

Сподели со своите пријатели

Уште една емисија на пепел со височина до 11,5 километри е регистрирана денес на вулканот Кључевскаја Сопка во Камчатка, објави Институтот за вулканологија и сеизмологија на Далечноисточната филијала на Руската академија на науките на својот Телеграм канал.

Loading...

Ова е втора емисија на пепел утрово, пренесува ТАСС.

Вулканот Кључевскаја (Кључевскаја Сопка) е највисокиот активен вулкан во Евроазија и има правилна форма на чаша со кратер на врвот со дијаметар од околу 700 метри.

Во моментов има седум активни вулкани во Камчатка, од кои најголемиот е Кључевскаја.

Вулканот почна да еруптира ноќта на 31 јули по силен земјотрес со магнитуда до 8,8 степени според Рихтеровата скала, а неговата ерупција станува сè посилна, според ТАСС.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Градоначалник на француски град нападнат и сериозно повреден: Заврши на интензивна нега