Украинскиот градоначалник на окупираниот град Мелитопол, Иван Федоров, на својот канал на Телеграм објави за силната експлозија што се случи утринава.
Loading...
„Силна експлозија во Мелитопол. Одекна во самиот центар на градот“, објави Федоров, кој е во егзил.
Да потсетиме, Мелитопол се наоѓа во Запорожје, украински регион кој е делумно окупиран од руските сили.
Запорожје е еден од четирите украински региони чија анексија беше објавена од рускиот претседател Владимир Путин минатата година.
Тука се и Херсон, Доњецк и Луганск. Руските сили не контролираат целосно ниту еден од четирите региони.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.