Силна експлозија одекна во четвртокот во Мелитопол. Според руските медиуми, во експлозијата загинал еден полицаец.
„Денеска околу 5:15 часот наутро се случи експлозија во влезот на станбена зграда во Мелитопол. Експлодирала непозната експлозивна направа. Во таа прилика двајца полицајци се повредени и хоспитализирани. Последователно, еден од вработените почина“, се вели во соопштението за печатот на главната управа на Министерството за внатрешни работи за регионот Запорожје, како што пренесува РИА Новости.
Специјалните служби ги утврдуваат сите околности на инцидентот.
Да потсетиме, Русија го доби Мелитопол по референдумот во септември 2022 година, но Украина и Западот не ги прифатија резултатите од тој референдум. Затоа Киев не го признава Мелитопол.
Како што пишува РИА Новости, Русија контролира повеќе од 70% од областа Запорожје, а украинските сили го контролираат административниот центар на регионот – градот Запорожје.
A footage from temporarily occupied Melitopol, where a collaborator Alexander Mishchenko was blown up in the entrance of his house. He died in a hospital.
Alexander betrayed 🇺🇦, worked as a police officer for the Russians. Mishchenko was also recruiting other police officers. pic.twitter.com/FDGBUUKMTl
— Giorgi Revishvili (@revishvilig) April 27, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.