Силјановска Давкова победи во Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова ја однесе победата во општина Старо Нагоричане.

Loading...

Државната изборна комисија ги обработи скоро сите избирачки места во оваа рурална општина, односно 97,37 отсто. Недостастуваат гласовите од само едно избирачко место, но тоа најверојатно нема да направи позначителни промени во резултатот.

Давкова победата ја однесе со 913 гласови наспроти 766 на Пендаровски.

Во проценти кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ освои 52,96 отсто, а кандидатот на СДСМ 44,43 отсто.

Бројот на неважечки ливчиња изнесува 45.

На ниво на државата со 52,38 отсто води Пендаровски наспроти 44,06 отсто на Силјановска – Давкова, по 87,88 отсто од обработените гласови.

Leave a Reply