Силен земјотрес во Индонезија

Сподели со своите пријатели

Индонезиските власти денеска го повлекоа предупредувањето за цунами издадено кога земјотресот го погоди островот Флорес во источна Индонезија.

Предупредувањето важеше два часа. Засега нема информации за штети или жртви, јавува Ројтерс.

Епицентарот на земјотресот бил на 112 километри северозападно од Ларантука, во источниот дел на индонезискиот остров Флорес, на длабочина од 12 километри во морето. Земјотресот бил почувствуван и во Макасар во јужниот дел на Сулавеси.

По првиот следеше земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала.

Индонезија се наоѓа на „Пацифичкиот огнен прстен“, област со силна сеизмичка активност сместена на неколку тектонски плочи.

Земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран на околу 100 километри северно од Маумера во Индонезија на брегот на морето Флорес, јави Дојче веле.

Геолошкиот институт на САД, исто така, регистрираше земјотрес на длабочина од 18,5 километри во морето Флорес.