Силен земјотрес на Филипини: Најмалку 26 повредени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала што вчера ги погоди Филипините, повредени се најмалку 26 лица, а причинета е голема материјална штета, соопштија властите.

Loading...

Земјотресот се случил вчера во 22:59 часот по локално време во близина на градот Лагајан во провинцијата Абри, 348 километри северно од Манила, соопшти Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија.

Имаше почетна магнитуда од 6,7, но подоцна беше намалена на 6,4, соопшти институтот.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Многу згради беа оштетени, а улиците беа непроодни поради паѓање на карпи.

Во некои од погодените провинции снема струја, а оштетени се куќи и згради, според првите проценки.

Loading...

Болницата во блиската провинција Илокос Норте е евакуирана откако се урна таванот, покажуваат фотографиите објавени на Фејсбук од агенцијата за заштита од пожари.

Некои улици се непроодни поради паѓање на карпи или пукнатини, објави Националната агенција за катастрофи.

 

 

Филипините се наоѓаат на Пацифичкиот огнен прстен, област со интензивна вулканска активност околу Тихиот Океан, каде што се случуваат околу 90 проценти од земјотресите во светот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Еден од најсилните земјотреси што ја погоди земјата беше во јули 1990 година, кога повеќе од 2.400 луѓе загинаа на северниот остров Лузон.