Силен земјотрес ја погоди Индонезија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,4 степени ја погоди Индонезија, област јужно од главниот град Џакарта, потресувајќи згради, но засега нема извештаи за материјална штета.

Loading...

Американскиот геолошки институт (USGS) го процени земјотресот со јачина од 5,4 степени, додека Геофизичката агенција на Индонезија претходно објави дека земјотресот бил со јачина од 5,6 степени.

Земјотресот е регистриран во близина на градот Чианџур, на околу 100 километри јужно од Џакарта.

Тој бил почувствуван и во Џакарта, јавуваат новинарите на агенцијата Франс прес.

Засега нема извештаи за повредени или материјална штета во главниот град.

Луѓето во паника истрчаа од зградите во Џакарта, а новинарите на АФП објавија дека добиле инструкции да ја напуштат редакцијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Индонезија се наоѓа на „огнениот појас“ на Пацификот, поради што често е погодена од земјотреси.

 

Loading...