Силен земјотрес го погоди Казахстан

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 6,1 степен е регистриран во близина на градот Алмати на југот на Казахстан.

Loading...

Според соопштението на Центарот за сеизмички станици на Министерството за вонредни ситуации на Казахстан, земјотресот со јачина од 6,1 степени според Рихтер, чиј епицентар бил на 31 километар јужно од Алмати, е регистриран во 11:22 часот по локално време.

Управата за вонредни ситуации на Алмати соопшти дека панични граѓани излегле на улиците.

Потврдено е дека нема жртви и дека продолжуваат напорите за собирање информации за штетите.

Земјотресот беше почувствуван и во Бишкек, главниот град на соседен Киргистан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОН подготвуваат глобален договор за употреба на пластика