Силен земјотрес го погоди Калифорнискиот залив

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Калифорнискиот залив во Мексико, соопшти Американскиот геолошки институт.

Loading...

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, јави Ројтерс.

Претходно, Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт соопшти дека земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Калифорнискиот залив, кој се наоѓа меѓу полуостровот Калифорнија и Мексико, и дека се наоѓа на 56 километри јужно од регионот Баја де Кино.

Нема извештаи за повредени или материјална штета, објави Ројтерс.