Силен земјотрес го погоди Ел Салвадор

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала го погоди тихоокеанскиот брег на Ел Салвадор, на длабочина од речиси 70 километри, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Loading...

Според првите извештаи, нема материјална штета, а земјотресот во вторникот вечерта бил почувствуван во повеќе земји од Централна Америка, пренесува Ројтерс.

Поради земјотресот, не е издадено предупредување за цунами во Ел Салвадор, соопшти Министерството за животна средина на Салвадор.

Земјотресот бил почувствуван и во Никарагва, Хондурас, Гватемала и Белизе, според локалните медиуми и очевидци на Ројтерс.