Силен земјотрес го погоди Азербејџан

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди денеска Азербејџан, покажуваат податоците на официјалната веб-страница на Републичкиот сеизмолошки центар на Азербејџан.

Loading...

Претходно Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар EMSC извести за земјотрес со епицентар во Каспиското Море и јачина од 5,7 степени, а како што пренесува РИА Новости, земјотресот бил почувствуван и во Баку и во други градови на Азербејџан.

ЕМСЦ извести за земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала во Каспиското Море, со епицентар на 62 километри северозападно од азербејџанскиот град Сумгаит со население од околу 265.000 жители.

Нема извештаи за штети или жртви.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мелони по поразот на нејзината партија: „Не можам ни да се напијам бидејќи трае постот“