Сијарто: Се очекуваат тешки разговори со украинската делегација во Будимпешта

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека очекува „тешки“ разговори со украинската делегација предводена од вицепремиерот за европски и евроатлантски интеграции Тарас Качка во Будимпешта.

Сијарто на својот Фејсбук профил изјави дека Унгарија е заинтересирана за добри односи со Украина, но дека нема да ги жртвува сопствените национални интереси.

„Украинската преговарачка делегација пристигна во Будимпешта (…) Очекувам тешки преговори, ние сме заинтересирани за добри односи, но нема да ги жртвуваме унгарските национални интереси“, напиша шефот на унгарската дипломатија.

Тој нагласи дека односите меѓу Будимпешта и Киев „не се во најдобра состојба“, но целосно ја обвини украинската страна за оваа состојба. „Подобрувањето на односите е можно, но зависи исклучиво од волјата на Киев“, рече Сијарто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европска земја воведува супер радар на патиштата: Едвај е видлив и ги евидентира сите прекршоци

Шефот на унгарската дипломатија претходно предупреди дека Украина, со поддршка на Брисел, секојдневно се обидува да ја вовлече Унгарија во конфликтот. Тој повтори дека ставот на Будимпешта е јасен – се залага за мир и повикува на преговори наместо на ескалација.